За Мицкоски Македонија ќе биде Македонија, за Ковачевски Мицкоски нема став

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека за него државата има едно име а тоа е Македонија и не смета дека требало да го промени однеувањето ако ја одбие довербата од граѓаните. За мене Македонија е Македонија и така ќе биде – вели Мицкоски на прашањето околу променетото уставно име на државата.

„Незнам зошто ние мора да го промениме однесувањето ако ја добиеме довербата на граѓаните. За мене Македонија е Македонија и ќе биде Македонија. За мене мојата држава е и ќе биде Македонија. Моите предци ќе бидат горди на мене а не како на некои кои се срамат од своето поколение“, рече Мицкоски во ТВ Дуелот на Канал 5.

Ковачевски му возврати дека тој дури и не ги менувал ставовите, туку тој воопшто немал став.

„Мицкоски не може да ги менува ставовите од еднапричина што тој нема став. Кога имате став носите одлуки. Преспанскиотѕ договор е резултат на работа 30 години, ние за цело тоа време имавме адвокат посредник од САД. Не го постигна Нимиц договорот туку двајца лидери кои си пружија рака. Донесоа одлука и го решија проблемот, нешто што никој друг несакаше и немаше храброст да го реши. Е тоа е лидерство“, рече Ковачевски.

Back to top button
Close