За новиот реис Фетаху коронавирусот не победен, туку брзо се шири во Македонија

Новиот поглавар на Исламската верска заедница вршител на должност, Шаќир Ефенди Фетаху денеска на прес-конференција изјави дека ќе се залага за целосна транспарентност кон медиумите односно дека ќе го промени досегашниот однос кон јавноста. Меѓутоа в.д реисот не одговори зошто е сменет поранешниот реис, Сулејман Реџепи.

За разлика од неговиот претходник кој после молитвата на Рамазан Бајрам, го прогласи корона вирусот за мртов, Шаќири, истакна дека ИВЗ од првиот момент била во служба на олеснување да се надмине оваа болест.

„Оваа болест е вистинска, сите компетентни органи и институции во светот потврдиле дека постои. Ние сме верски институции и не сме компетентни да зборуваме дали е вистинска или не. Институциите кои се професионални и стручни потврдиле дека постои, а во посебно во последно време короната се шири бргу во Македонија. Апелирам да бидеме сериозни, да се придржуваме кон сите мерки кои ги поставиле органите и да дадеме придонес за што побргу да излеземе од оваа состојба. Ние како ИВЗ влеговме во оваа борба со зборовите ’страв не, но голема свест против оваа болест да‘. Мораме да се бориме со сите сили да се надмине ова“, изјави Фетаху.

Фетаху додаде дека во сите џамии се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19.

Back to top button
Close