За осум часа 128 сообраќајни прекршоци на територија на СВР Скопје

 

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, вчера од 16:00 до 24:00 часот, спроведе сообраќајна контрола, при што беа санкционирани 128 возачи.

Од нив, како што соопшти утрово МВР, за непрописно паркирани 23 санкции, за возење без возачка дозвола девет мерки, за возење под дејство на алкохол две санкции.

Полицијата изрекла осум мерки за користење на мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење на сигурносен појас, пет мерки за управување возило со несоодветна категорија, 15 санкции за возачи на моторцикл, како и други видови на сообраќајни прекршоци.

МВР информира дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови

Back to top button
Close