(Видео) За печатот цела Македонија се крена, не сакате да ви покажеме каде е? – им рече адвокатот на полицајците во Демир Хисар

Директорката на средното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар, Маја Лозановска, во чија семејна куќа викендов полицијата спроведе драматичен претрес при кој началникот бараше на носилки таа да биде доведена на информативен разговор и се бараа печатите од училиштето за новата директорка да може да стапи на функција, денеска преку својот адвокат пријави кривично дело самовластие. Таа пријави дека некој ја обил нејзината канцеларија додека била на боледување. Кога адвокатот на Лозановска која инаку според податоците во Централен регистар уште е директорка на училиштето, ги праша полициските службеници дали сакаат да им каже кај се печатите, да им го покаже сефот во кој тие биле заклучени додека Лозановска била на одмор, тие не беа заинтересирани за тоа. Му рекоа да каже утре на информативен разговор.

Back to top button
Close