За првпат дојава за поставена бомба и во основно училиште – МВР потврди

Покрај осумте средни училишта кои денеска добија закани за бомби, за првпат дојава за бомба стигнала и во едно основно училиште, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР засега не наведоа за кое точно училиште станува збор, но според неофицијални информации кои ги објави Телевизија Канал 5, се работи за скопското основно училиште ОУ „Петар Поп Арсов“ лоцирано во населба Карпош 4 во Општина Карпош.

На 01.12.2022 година околу 15:20 часот добиена е пријава и од едно основно училиште дека на електронската адреса на училиштето стигнала закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за раасчистување на случајот“,информираат од МВР.

По пауза од две недели, денеска повторно осум училишта во главниот град на своите електронски адреси добиле дојави за поставени бомби во своите објекти.

Back to top button
Close