За првпат во 56 години – штрајк во Секретаријатот и стручните служби во МАНУ

Членовите на Синдикалната организација на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), во која членуваат вработените во Секретаријатот и стручните единици на МАНУ, на 9 февруари 2023 година ќе стапат во штрајк.

Ова е првпат во 56-годишното постоење на МАНУ вработените во Секретаријатот и стручните единици да стапат во штрајк.

Причина за штрајкот, како што нагласуваат од таму, се недостоинствено ниските плати на вработените во Секретаријатот и стручните единици на МАНУ кои се далеку под просечната плата во Македонија, односно малку над минималната плата.

Според Законот за МАНУ, МАНУ е највисоката самостојна научна и уметничка институција во државата. Во штрајкот не учествуваат академиците на МАНУ, како ни научните соработници вработени во истражувачките центри на МАНУ.

Back to top button
Close