За пуста функција и преку трупови ќе газите, јаден министер, јадна култура му напиша Тони Михајловски на Љутков
Актерот Тони Михајловски, упати остри критики за состојбата во културата. Го спомена и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков за кој напиша „јаден он и јадна култура сосе туризам“. Реакцијата доаѓа откако откако вработените во културата останаа без плати за Велигден.
„Смешни, и расипани, сте како Нушич да ве составувал. Кога ќе се поткачите една скала над другите веднаш почнувате да серете врз нив. За пуста функција и преку трупови ќе газите. Заборавате кои сте биле и сите што ве знаат ги бришете од “живи” за да “умре” со нив и вашата вистина. Ама не умира пустата туку о.ц “како шило врти врти и ќе излезе на другата страна” з.ц. Авторот на цитатот добро познат на “војводите”. А еве ја вистината“, напиша Тони Михајловски и додаде:
„Ја умревте културата. Ја распнавте и заковавте клинци и ја оставивте да умре. Симболично или не баш пред Велигден. Знаете што следува, нели. Таа ќе “воскресне” и ќе ви покаже дека е поголема и побитна од сите вас во институциите оптан топтан. Се гледаме на “барикадите” пошто на сцена не заслужувате да се гледаме, а реално и слабо одите у театар. Вечерва имаме претстава. Онаа популарната. Онаа што “министерот” не ја гледал пошто била добра. Јаден он и јадна култура со се туризам. Најверојатно ќе играме за да не ја изневериме публиката која платила карти а ние сеуште немаме плата. И најверојатно заради среќните робови кои се најголеми непријатели на Слободата“.