За работничките кои останаа без работа, за Ромките кои трпат секакви неправди, за жените кои немаат ништо на своето име…: Шести Марш за женски права 

Со транспаренти посветени на различни аспекти на борбата за женските права, од несанкционирањето на Јавна соба, преку непостоењето на матичен гинеколог во Шуто Оризари, семејното родово базирано насилство… денеска од пред зградата на Владата започна шестиот Марш за женски права по повод денот 8 март, во организација на Платформата за родова еднаквост.

На маршот заеднички се упати порака дека и покрај тоа што жените се еднаква половина од населението во државата, сѐ уште не уживаат еднакви права.

Присутните повторно нагласија дека жените во Македонија не учествуваат подеднакво во носењето на одлуките кои се важни за земјата.

-Денес протестираме за сите работнички во текстилната индустрија кои останаа без работа, за жените Ромки кои трпат секакви неправди, за економски зависните жени, за жените кои немаат ништо на своето име, за жените жртви на насилство, за преморените здравствени работнички. Бараме политики и мерки за последиците од Ковид-19 за сите жени, како и зголемено учество на жените во работните групи. Овој 8-ми март протестираме против системската сиромаштија која има женско лице, изјави една од организаторките на маршот.

Фото: platform

Back to top button
Close