За САД изборите во Русија не беа ниту слободни, ниту фер, а Зеленски ги оцени како „имитација на избори“

Изборите во Русија не беа ниту слободни, ниту фер – е првата оценка на САД по објавувањето на првичните резултати од руските претседателски избори, според кои, Владимир Пути ќе освои уште еден шесгдишен мандат како шеф на државата. Украинскиот претседател Володимир Зеленскк, пак, смета дека во Русија имало „имитација на избори“.

Белата куќа соопшти дека изборите во Русија „очигледно не биле слободни, ниту фер со оглед на тоа како Путин ги затворал своите противници и ги спречил другите да се кандидираат против него“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово одговори на настапот на рускиот лидер Владимир Путин на стадионот во Москва, упатувајќи мрачна порака.

Украинскиот претседател Зеленски во вдео обраќање изјави дека „руската имитација на избори нема легитимитет“.

– Деновиве рускиот диктатор симулира нови избори. На сите во светот им е јасно дека оваа личност, како што веќе често се случуваше во текот на историјата, едноставно е болна за власт и прави се за да владее вечно, наведе Зеленски.

Back to top button
Close