За секунда се фаќаат лица кои се закануваат на политичари и бизнисмени, а целиот систем и држава колабира во немоќ кога жртви се обични жени и девојки

-После Јавна соба и масовното сексуално вознемирување на текстилните работнички на ФБ група следи нов скандал ГевгелијаХаб.

Ги ѕирнав тие материјали и одговорно тврдам дека барем едно видео од овие беше споделено и на Јавна соба. Замислете тие жени се трет пат (еднаш кога биле споделени од оној кому му ги пратиле или ги снимал/сликал, вторпат на Јавна соба и сега најтешко во локалната средина во која живеат) жртви на сексуално вознемирување кое може сериозно да го наруши нивното ментално и физичко здравје. Истрагата за Јавна соба заврши со кревање рамена на МВР со изговор- Телеграм не ни дава податоци. Стварно ли? Па едно кафе џандар да испие у Гевгелија за 30 мин ќе ја дознае цела багра која го прави ова. Чудно како за секунда се фаќаат лица кои преку интернет се закануваат на политичари и нафатирани бизнисмени, а целиот систем и држава колабира во немоќ кога жртви се обични жени и девојки.

Ирена Цветковиќ

Back to top button
Close