За случајот „Титаник“ треба да сведочат уште 50 сведоци на обвинителството

– Повеќе лица бевме од тимот, беше и Џезми Ахмет (обвинет во случајот „Титаник“). Патролиравме по еден булевар. Немавме наредба за да застанеме некој посебно. Престојувавме во одморалиштете на МВР во Охрид – истакна сведокот Чакаловиќ.

Освен единицата АЛФА, на локалните избори во Охрид во 2013 година МВР со наредба пратило и припадници на Одделението за специјални задачи. Сведокот кој збореше по однос на оваа околност изјави дека веќе не е дел МВР, односно тогашната наредба им била обезбедување на изборниот процес во Охрид.

Судскиот предмет „Титаник“ е еден од првите случаји отворени од поранешното СЈО. Меѓутоа иако е изминат голем период од почетокот на постапката судењето е уште во фаза на презентација на вербални докази. Обвинителката Лиле Стефанова која го застапува овој предмет очекува во следните неколку рочиште да заврши сослушувањето на сведоците предложени од обвинителството. Од вкупниот број на вербални докази предложени од обвинителството до крај на ова фаза свој искази се очекува да дадат уште 50-тина сведоци.

Судењето за овој предмет го води судијата Осман Шабани.

Според обвинението како осомничени за разни кривични дела поврзани со незаконско финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и за нарушување на изборните процеси во 2011 и 2013 година осмоничени се 20 лица. Меѓу нив се и поранешните високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски, Мартин Протуѓер, Илија Димовски и други.

Следното рочиште за случајот „Титаник” е закажано за 29 јануари.

Back to top button
Close