За Србија сојузот – Косовски безбедносни сили и вооружените сили на Албанија е директна закана за државата и Србите

Директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, изјави дека воениот сојуз на Косовските безбедносни сили и Вооружените сили на Албанија, чие формирање го најавува Албин Курти, е директна закана за Србија и српскиот народ.

„Тоа е оската на политиката на приштинскиот режим, која со секој потег и нов чекор кон формирање на таканаречената голема Албанија е насочена кон Белград“, нагласи Петковиќ во соопштение.

Како што истакна, тие вооружени формации и тропањето со оружје од страна на Приштина се случуваат пред очите на целата меѓународна заедница, која не реагираше на ниту еден воен сојуз што Приштина го формираше со Хрватска и Албанија, кои се членки на НАТО.

Back to top button
Close