За три дена нови 254 случаи на Ковид-19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 02.09 до 04.09.2022) направени се 1.308 тестови, а регистрирани се 254 нови случаи на КОВИД-19.

Од вкупниот број на позитивни (254), регистрирани се 61 реинфекции. Регистрирани сe и 412 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 3 дена (02.09 – 04.09.2022) пријавени се 4 починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.154.094 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 340.948, бројот на оздравени пациенти е 330.153, на починати е 9.499, а бројот на активни случаи изнесува 1.296.

Back to top button
Close