За три до четири недели треба да заврши реконструкцијата на одделението за физикална терапија во кочанската болница, вели директорката
Прашана во вечерашното интервју во Дневникот на ТВ Сител дали болницата располага со потребните креми и препарати за кои дел од пацинетите изминатиот период сведочеа дека мораат да ги набавуваат на свој трошок од странство, Паниќ-Мирчовска кажа дека силиконските лепенки се стигнати во земјава, а во текот на следната недела треба да ги добијат во болницата. До среда, како што кажа таа, треба да стигне и поголема пратка на креми за одржување на влажност на кожата.
Во врска со проектот за центарот во Пониква таа кажа дека неговата намена ќе биде за психосоцијална поддршка на повредените.
Реконструкцијата на одделот за физикална медицина и терапија во кочанската болница каде третман добиваат десетици повредени од пожарот во т.н. кабаре „Пулс“, според очекувањата на в.д. директорката на болницата Катерина Паниќ-Мирчовска треба да биде завршена за три до четири недели.

Реконструкцијата започна поради лошата состојба во која се наоѓа објектот што не одговара за третманот на повредните од пожарот во Кочани.
„Во однос на реконструкцијата, таа е веќе започната од петокот, во делот на физикална терапија кој е со површина од 350 квадратни метри. Се одлучивме да почне од физикална терапија бидејќи е најнеопходна. Во текот на следната недела ќе се работи на прозориците, водоводната инсталација, електричната мрежа, а потоа на ѕидовите и подовите. Се очекува некаде за три до четири недели да биде финализирано одделението за физикална медицина и рехабилитација“, вели Паниќ-Мирчовска.
Во меѓувреме, како што кажата, рехабилитацијата на повредените ќе се одвива на одделението за хирургија во соба адаптирана за физикална медицина.
Говорејќи за повредите, таа информира дека во болницата се врши третман на лузни, додека рани не третираат.
„Знаете дека имавме едукација и обука од страна на медицснки тим од Велика Британија. Сите што ја поминаваме обуката ги следиме препораките на тимот . Третманот на лузните во првите шест месеци ќе оди преку компресивна облека, преку силиконските лепенки коишто се лепат на самите лузните. А по тие шест месеци настапуваат дерматолозите и евентуално постапки на хирурзите по пластична хирургија. Во моментот тоа што го правиме е третманот на лузните“, рече директорката на кочанската болница.
Повредените кои имаат рани, како што кажа таа третман добиваат во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“.
Во моментот, според директорката во кочанската болница третман добиваат 45 пациенти. Најави дека утре треба да стигне компресивната облека, а во текот на утрешниот ден ќе се врши и 3Д скенирање на пациентите кои имаат изгореници на глава и врат кои треба да добијат силиконски маски изработени по мерка.
Објаснувајќи го ефектот на копресивната облека, Паниќ-Мирчовска рече дека таа не дозволува лузните да хипетрофираат и да добијат потежок облик особено на зглобовите, рацете и прстите.

Прашана дали болницата во Кочани располага со потребните креми и препарати за кои дел од пацинетите изминатиот период сведочеа дека мораат да ги набавуваат на свој трошок од странство, Паниќ-Мирчовска кажа дека силиконските лепенки се стигнати во земјава, а во текот на следната недела треба да ги добијат во болницата.
„Исто така очекуваме до среда да стигне поголема пратка на креми коишто се за хидрација за одржување на влажноста на кожата. Тоа е во фаза на набавка и ги очекуваме следната недела. За да се излезе во пресрет на пациентите да не патуваат во Скопје особено на вакви високи температури се работи на тоа да се набават два апарати коишто ќе треба да стигнат следната недела – апарат за спирометрија и за гасни анализи кои им се потребни на пулмолозите за редовните контроли“, вели директорката на кочанската болница.
Додаде и дека болницата е во процес на склучување договори со пулмолози од Градската општа болница „8 Септември“ кои ќе доаѓаат во болницата во Кочани.
Во моментов, како што наведе, договори се склучени со специјалисти за физикална медицина и пластична хирургија од штипската Клиничка болница, Клиниката за пластична хирургија и Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.
Во врска со проектот за центарот во Пониква таа кажа дека неговата намена ќе биде за психосоцијална поддршка на повредените, како и за да може за време на летните горештини тие да добиваат третман од лекарите кои ќе одат кај нив.
Извор: 360 степени