За викенд стабилно, од среда повторно врнежи

За време на викендот и во првите два дена од следната недела ќе преовладува стабилно и сончево време со појава на мала до умерена облачност. Утринските температури
ќе бидат пониски, а дневните во постепен пораст, соопшти УХМР.

Нови врнежи се очекуваат во среда кон крајот на денот.

Температурата утре ќе се движи од два до 10 степени наутро, а преку ден ќе достигне максимум 24 степени.

Идната недела најтопло ќе биде во вторник, 27 степени, додека другите денови дневните температури ќе се движат од 16 до 26 степени

Back to top button
Close