За викендот на граничните премини кај Дебар фреквенцијата од над 4 илјади патници
Голем е интересот на албанските државјани кои по отварањето на границите повторно започнаа да пристигнуваат во Дебар и тоа поради шопинг но и рекреација . За време на викендот на граничните премини Блато и Џепиште – Требиште кај Дебар границата ја минале во влез и излез 4201 патник , од кои најголем е бројот на албанските државјани .
Според портпаролката на СВР Охрид Мерлина Ислами , на граничниот премин Блато кај Дебар во викендот границата ја минале 3.95о лица од кои влегле 2011, додека излегле 580. На граничниот премин Џепиште – Требиште фреквенцијата била 251 од кои – за влез 143, додека за излез 108 .
Како и пред привременото затварање на границите пред три месеци поради пандемијата од Корид 19, изминатите два дена во Дебар албанските државјани видно ја зголемија потрошувачката на прехранбени артикли, а прометот особено на дизел во бензинските пумпи е неколку пати поголем. Оваа е поради тоа што во нашава земја нафтените деривати се поевтини за една третина а воедно и квалитетот е многу подобар .
К. М.