За викендот променливо време – сончево и топло, а потоа пороен дожд и грмежи

За време на викендот времето претпладне ќе биде сончево и топло.
Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР.
Заради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.
Во Скопје, за време на викендот времето претпладне ќе биде сончево и топло.
Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.






