За власт, ДУИ е подготвена да ѝ ја продаде Струга на Левица – велат од ВЛЕН
Коалицијата ВЛЕН денеска ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека подготвува „темен политички пазар“ со партијата Левица, со цел да ја спречи победата на нивниот кандидат за градоначалник на Општина Струга, Менди Ќира на претстојните локални избори, закажани за 19 октомври.
„Најновиот скандал што кружи на терен и во јавноста е жив доказ дека ДУИ изгубила секаков вид политилка ориентација“ се вели во соопштението од коалицијата.
Според ВЛЕН, овој „договор“ е испланиран од поранешниот министер за правда од ДУИ, Кренар Лога, лидерот на Левица, Димитар Апасиев и генералната секретарка на партијата, Јована Мојсовска.
„Сценариото е јасно, Мојсовска влегува како ‘изнедувачки‘ кандидат во Струга, со мисија да ги собере гласовите на македонскиот блок, односно наводно да ја спречи победата во првиот круг на кандидатот поддржан од ВЛЕН, Менди Кира. Ова е срамен план, оркестрира од Кренар Лога и ДУИ, кои отворено соработуваат со политички сили што ги граделе своите кариери врз албанофобија“ пишуваат од ВЛЕН.
Ова, како што додаваат од коалицијата, е доказ дека за ДУИ власта е поважна од достоинството на Албанците, а сомнителните зделки со албанофобите вредат повеќе од иднината на Стружани.
„Останува неодговорено прашањето за што се договориле Кренар Лога и Димитар Апасиев? Да ја продадат Струга? Да ги спречат промените? Да ја одржат во живот скапаната власт со корупција и криминал што владее со Струга во последните 20 години“ прашуваат оттаму.
Од ВЛЕН го осудуваат овој план и ја повикуваат јавноста не не стане жртва на сценаријата, како што додаваат, оркестрирани во темни ходници.
Сепак, велат дека нивниот кандидат за градоначалник на Општина Струга, Менди Ќира ќе победи на првиот круг од локалните избори.