За ВМРО-ДПМНЕ неспособноста е причина за хаваријата во РЕК Битола, од таму реагираат дека нападите се неетички


Јавноста вчера беше информирана дека во РЕК Битола се случила хаварија и дека во прекин е транспортот на јаглен од рудникот Суводол до РЕК БИТОЛА поради дождовите. Ова е само уште еден показател дека енергетиката не страда од природни непогоди, туку од непогодата наречена неодговорно и нестручно работење на власта. Тие постојано бараат изговори и виновници за своите неуспеси. Еднаш тоа е опозицијата, друг пат тоа е дождот, истакна Стевче Атновски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Јавноста треба да знае дека поради немање доволни количини на јаглен уште од 18 јули 2020 година РЕК Битола работи само со еден блок, а според плановите од 15 јули требаше да работат сите три блока. Најголемиот багер за ископ на јаглен повеќе од еден месец е надвор од функција бидејќи е потопен и заглавен во кал, уште пред да се случат вчерашните поројни дождови. За сето ова ВМРО-ДПМНЕ неколку пати ја известуваше јавноста во месец април, мај и јуни – рече Стевче Антевски од ВРМО-ДПМНЕ.

Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ подолго време ја алармира јавноста за погубните политики на „шампионите” во Енергетскиот сектор, посебно за состојбата во РЕК Битола.

– Наместо санирање на ваквите состојби ЕЛЕМ и РЕК Битола набавуваат минерална вода во износ од 3 милиони денари, за потоа без срам да бараат и поскапување на струјата во износ од 7,5%. Додека Власта на Заев е заинтересирана повеќе за тоа како да направи некој милионски скандалозен тендер, како непотистички да ги полни енергетските компании со скапо платени вработувања, како да набавува вода наместо механизација, до тогаш ќе ни се случуваат поскапувања на струјата и хаварии во нашите енергетски компании – вели Антовски.

Реагираа од РЕК Битола.

Неетички, нечовечки и неморално е во услови на елементарна непогода во рудниците во РЕК Битола, кога вработените вложуваат максимални напори да ги санираат состојбите и дури ги загрозуваат и сопствените животи, ВМРО ДПМНЕ на прес конференции да зборуваат за неспособност на комбинатот, иако од опозициската партија се свесни дека и  во услови на поплави кои не се видени во рудниците во последните 25 години, РЕК Битола успева да го одржи стабилно производството не електрична енергија.

Ниските страсти на Христијан Мицкоски и на ВМРО ДПМНЕ продолжуваат и денеска.

Во истиот момент кога РЕК Битола и вработените покажуваат највисока пожртвуваност за санирање на состојбата во услови на огромни дотеци на вода и поплави на откопните полиња на јаглен, опозициската партија пласира лажни вести дека ,,непотребно се трошат пари за вода од страна на РЕК Битола”.

Ја известуваме јавноста, а ВМРО ДПМНЕ ја потсетуваме, дека водата која во моментот се набавува е за вработените во РЕК Битола, особено за вработените во рудниците каде нема водовод и снабдување со вода за пиење.

Набавка за вода за рудниците е законска обврска за компанијата и таа е содржана и во Колективниот договор. Истата е вршена редовно сите години наназад,а  вршена е и во времето на Христијан Мицкоски како директор на ЕЛЕМ. Оттука, нехумани се прес конференциите кои лица од ВМРО ДПМНЕ ги одржуваат веројатно токму по налог на Мицкоски.

Го покануваме партискиот претседател Мицкоски и лицата кои ги иснесуваат лажните вести да дојдат во рудниците на РЕК Битола и да ја видат актуелната состојба на елементарна непогода, и во таа прилика да се сретнат со рударите и со сите вработени и лично да им кажат дека нема потреба да им се дава вода за пие

Back to top button
Close