За вработувањето на сопругата и балдазата, Бочварски не ја известил ДКСК навреме, па си ја платил казната
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски прекршил одредба од Законот за спречување на корупцијата бидејќи вработувањето на неговата сопруга и балдаза (сестра на сопругата) во јавна здравствена установа, не го пријавил во Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) во рок од десет дена од вработувањето.
Антикорупционерите утврдиле дека Бочварски не постапил согласно член 56 став 2 од Законот за спречување на корупцијата, според кој:
на извршениот избор, именување, унапредување или вработување“.

ДКСК утврдила дека министерот Бочварски сторил прекршок, казнив по член 105, став 1, алинеја 14 од истиот Закон, по што издала платен налог, кој, пак, бил прифатен и платен во пропишаниот рок.
ДКСК утврдила дека министерот Бочварски сторил прекршок, казнив по член 105, став 1, алинеја 14 од истиот Закон, по што издала платен налог, кој, пак, бил прифатен и платен во пропишаниот рок.
„Оттука, постапувањето на Антикорупциската комисија е запрено“,
велат од ДКСК.Сепак, членката на ДКСК, Катица Николовска, на денешната седница на Комисијата изјави дека при вработувањето на сопругата и балдазата на министерот биле искористени слабостите од Законот за здравствена заштита, поконкретно, недореченоста во членот 164 став 2.

Во овој поглед, вели Николовска, несомнено е дека се запазени сите процедури и обезбедени се сите потребни согласности, но како што рече, ДКСК беше во дилема на кој начин Министерството за здравство (МЗ) ја утврдува континуираната потреба од вршење дејност, со оглед на тоа што сите медицински институции се соочуваат со недостиг на здравствен кадар, не само од аспект на високи стручни лица и доктори, туку и од сестри.
Антикорупциската комисија одлучила да го запре постапувањето на овој предмет поради исрпување на сите законски механизми, но одлучила да отвори предмет во нивното одделение за антикорупциска проверка на легислативата и да се направи конкретна анализа на член 164 од Законот за здравствена заштита со цел да се даде предлог до МЗ и до Фондот за здравство во насока да се инкорпорираат заклучоците на Владата и тие да станат одредба во истиот закон, со цел утврдување појаки критериуми при преземањето на овие здравствени работници.