За време на изборниот молк Владата го усвоила буџетот за 2022 година

Владата во саботата, за време на изборниот молк го изгласа буџетот за 2022 година. Како што се вели во владиното соопштение, информацијата за одобрениот буџет е објавена денеска бидејќи во саботата беше изборен молк.

Владата на Република Северна Македонија на 116-тата редовна седница, којашто се одржа на 30 октомври, поради запазување на роковите за донесување, го усвои Предлог-буџетот за 2022 година.

-Поради изборниот молк, соопштението за усвоениот Предлог-буџет се објавува денеска, 1 ноември, а во следниот период ќе биде објавена и детална презентција.

Усвоениот Предлог-буџет, заедно со утврдениот Предлог-закон за извршување на Буџетот за 2022 година, ќе бидат доставени на усвојување во Собранието на Република Северна Македонија, се вели во владиното соопштение.

Back to top button
Close