За здравјето на Берлускони клучни се следните три дена

Следните три дена ќе бидат најважни за здравствената состојба на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (84), кој се наоѓа во болница во Милано поради инфекција со коронавирусот.

Берлускони, кој во четвртокот објави дека е позитивен на вирусот, се лекува од пневмонија во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, пренесува Би-би-си.

„Пациентот е во стабилна состојба“, изјави денеска професорот Алберто Зангриљо, кој го лекува Берлускони.

Како што се наведува, децата на Берлускони исто така се заразиле со Ковид-19.

Back to top button
Close