Забрана за камиони на Стража, Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан

Поради врнежи од снег на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стража од 07.45 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товварни возила. Забрана за камиони има и на планинскиот превој Пресека, крак Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, соопштија ЈП Македонијапат и АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат и АМСМ апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година

Back to top button
Close