Забрана за собири и протести во Грција на 12-годишнината од убиството на Григоропулос

Забрана за секаков вид собири на четири или повеќе лица, од 5 часот утрово е во сила во Грција, на денот на 12-годишнината од тинејџерот Алексис Григоропулос, со оглед на тоа дека секоја година, традиционално на 6 декември се одржуваат низа протести, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчката полиција соопшти дека одлуката е „поради апсолутната потреба за справување со сериозната опасност по јавното здравје и во рамките на вонредните мерки за справување со ширењето на Ковид-19“, а за прекршувачите се предвидени казни од 300 до 5.000 евра.

И покрај забраната и иако земјата е во карантин, за претпладнево се закажани неколку собири на местото каде што во 2008 година, од полицаец беше убиен, тогаш 15-годишниот Григоропулос во атинската населба Ексархија.

Освен забраната, Атина денеска ќе биде под драконски безбедносни мерки, со затворени шест метро станици, ангажирани над 4.000 полицајци, дронови, хеликоптери и цистерни со вода за растерување демонстранти

Back to top button
Close