Забрането капењето во езерото „Младост“,Во водата има бактерии

Општина Велес на својата веб страница објави дека од вчера е забрането капење во водите на езеро „Младост“. Од Центарот за јавно здравје Велес, каде континуирано секој месец се врши испитување на водите на езеро „Младост“, потенцираат дека нивните анализи покажуваат дека водите се исправни за капање. Но, по забраната од Општина Велес, тие денеска повторно земале примерок на вода, а утре ќе земат и нивни колеги од Институтот за јавно здравје од Скопје.

Инаку, на 3 август била пос

ледната анализа направена од ЦЈЗ – Велес, на водата на езерото „Младост“ на двете плажи „Градска плажа1 “ и „Романтик“.

Според соопштението од Општина Велес, лабораториските испитувања на квалитетот на водата на езерото „Младост“ извршени од лабораторијата „Фуд лаб“ од Скопје на 11 август годинава покажале надминување на граничните вредности за присуство на цревни ентерококи и ешерихија коли на локациите „Брод Панини“ и Градска плажа.

Back to top button
Close