Зад Македонија е провалија – ниту милиметар простор за отстапки!?

Кога некој ќе си земе за право, или, за должност –сеедно, нешто да брани, тогаш тој повеќе нема право да ја завлекува главата во песок. Така е и со нас, кои го поддржавме договорот за добросоедство со Бугарија на владата на премиерот Заев, а претходно и на владата на Љубчо Георгиевски.

Сите ние, сега сме исправени пред одговорноста, на нашите државни глави да им кажеме цврсто дека, и најмала натамошна остапка, ќе ја струполи нашата татковина во провалија, од каде нема враќање назад.

Во овој момент таква позиција држи претседартелот Пендаровски,но, да бидам отворен, не ми се допаѓа кога Заев ќе каже, како Борисов ја сака Македонија, ја сака и Каракачанов, ама, на погрешен начин!?”. Особено не ми се допаѓа, дури и ме загрижува, кога Каракачанов ќе каже како Заев сака решение, ама другите не сакаат!!!”.

Да се разбереме: Каракачанов е ултра националист. Каракачанов е бугарскиот Воислав Шешељ. Каракачанов може да биде германски сојузник, само ако го вратиме времето во 1939 година, времето на фашистичка Германија, времето на Хитлер и времето на цар Борис. Просто е неверојатно една Меркел, политичката ќерка на еден политички колос, како Хелмут Кол, денеска да седи на една маса со Каракачанов!

Тој Каракачанов, со секој нов ден, истура се понебулозни навреди, бара се нешто повеќе, а ништо не дава. Тражи туѓо-своје не да!”. Ако Каракачанов сака да биде со Меркел, тој треба да клекне на местата каде клекнува Меркел. Во Аушвиц и Треблинка, ама и во Ваташа.

Каракачанов, сака ние да се декларираме, да потпишеме документ, дека во Бугарија нема Македонци, а во Македонија нема македонски јазик! Ако ние тоа го потпишеме, истиот момент, сме си потпишале смртна пресуда. Каракачанов ја води нашата земја пред стрелачки строј. Со тоа, ние ќе потпишеме дека во Бугарија (Пиринска Македонија) сме немале театри на македонски јазик, сме немале училишта на македонски јазик. Ако таму сме ги немале, ако таму тоа бил бугарски јазик, тогаш бил и овде.

Ако некој тоа не го разбира и посегне по ново пенкало, надвор од она во 2017, ќе си има работа со народот. Ние што го подржавме договорот, го направивме тоа водени од премисата дека, сепак, подобро е врапче во рака, отколку гулаб на гранка! Ако сега некој бара да го вратиме и врапчето назад, тогаш ние немаме ништо, не сме ништо, не постоиме!

Каракачанов, заробен во 1939 година, тоа го може. Мнозинството Бугари тоа сакаат да го слушнат.Тие се крајно индоктринирани. Ако бугарскиот народ дозволи да се раскопаат коските и денеска да не смеат да го изустат името на Георги Димитров, нивниот прв министер претседател (1946-1949), човекот, кој, колку – толку, им го обели образот после Втората светска војна, тогаш таа маса и натаму е тесто за месење. Не дека нема паметни глави, тие веќе креваат глас, но, уште долго време, ќе бидат малцинство.Тоа е за нас голема опомена.

Подолу ќе ја објавам официјалната фотографија на Георги Димитров, од времето кога беше бугарски премиер. Бидејќи сум роден 1949 година, фотографијата мора да е барем од истата година, или претходната.Еве зошто.Оваа фотографија, како дете од предшколска возраст, ја пронајде мојата љубопитност во војничкиот куфер на татко ми. Долго време не знаев кој е.Ниту пак смеев да прашам.Во најмала рака, ќе добиев одговор:што мајка си барал таму да чепркаш, или, некоја шлаканица за награда.

Како одрастен, влегов во неговиот мавзолеј во Софија,како што влегов и во оној на Ленин, на Црвениот полоштад во Москва. Бугарите го раскопаа.Не сакаат да слушнат за него.Зошто? Затоа што тој беше пред нивното време – тогашно, а богами и сегашно. Нека ми опростат Борисов и тие пред него (имав прилика да се сретнам со најмалку еден премиер и еден претходен претседател), но, бугарскиот народ, бугарската нација, уште долго време нема да изнедрат меѓународна величина, од маштапот на Георги Димитров. Знам дека ќе им звучи чуидно, но времето ќе го потврди тоа.

Не само бугарскиот, туку и словенскиот свет, немаат таква интернационалчна личност. Некаде во доцните седумдесетти години на минатиот век, директорував со Радио Охрид. Републички секретар (по сегашна терминологија министер) за информации беше колегата ( и пошто ми дошол дома на козје млеко!) и семен приојател, Тихомир Илиевски. Ми се јави да праша дали би можел да обезбедам сместување и две седмици да бидам со Предраг Милоевиќ, новинар во пензија на белградска Политика, во тоа време весник број 1 на Балканите.

Се разбира дека задачата ја зедов како голема чест. Го сместив во хотелот Парк (денес тука е стамбена зграда, со сопствена плажа и пристаниште – адекватна на високото интелектуално реноме!” на затвореникот, со презиме – Кичевски!), бев скоро секој ден со него, направив двочасовен разговор (Во сабота со вас), статија во Езерски Глас.

Предраг Милоевиќ, барем за нас новинарите, беше жива легенда која чекори. Како дете ја прегазил Албанија и заедно со српската војска и влада, стигнал до островот Крф. Ја препорачувам неговата, со страници мала, но со содржина неисцрпна книга О људима и ќудима. Подоцна станал новинар, те Политикин новинар – дописник од Берлин.

Лично известувал од Лајпцишкиот процес, за палењето на Рајхстагот, за што бил овбинет Георги Димитров. На процесот, и обвинител и судија, бил оној веднаш до Хитлер- Геринг. На навредата, дека Димитров е заостанато словенско племе и азијат, мустаклијава, директно волице му плеснал: да, ама, кога ние имавме јазик и писменост, вие германскиот го употребувавте само во шталите-со коњите!”.

Ете зошто мојот родител, фотографијата нa Георги Димиттров, ја криел (трајно ја сочувал) во својот војкнички куфер. А да се прави папалела на денешното бугарско НЕ и тогашната храброст на тој словенски Титан, е повеќе од смешно.

Храбар и отпорен Димитров, отпорен и мавзолејот, богати! Падна дури после четвртото минирање во 1999 година, десет години порано беше затворен, балсамираното тело кремирано, 40 години, по смарта – погребано!!!

Нашата влада, премиерот Заев, треба добро да си ги отворат учите и исчистат ушите, да ослушнуваат што се случува околу нас. Вчера во Белград беше погребан српскиот патријарх Иринеј. Новинарскиот леб е со седум кори, но пружа и прилики и задоволства. Го запознав во времето кога беше нишки владика и доагаше во Охрид, со групата српски владици, на преговори за надминување на црковниот спор.Од тројацата во гупата, ми изгледаше најпитомо, најнадежно. Но, од тоа ништо не бидна.

Вчера слушнавме дека дека Иринеј бил симбиоза на црквата и државата!”. Ако е тоа така, тoгаш нема надеж засва времена. Дополнително, дел од литургијата на опокојувањето, беше владиката Јован, претставен како поглавар на Православната Охридската архиепископија. Кога хрватскиот воин!”, го сруши со тенковско ѓуле вековниот мост во Мостар, изјави: ако ќе направиме поубав и постар! СПЦ, за инат од МПЦ, направи нова и постара црква (!), за која во Македонија, веќе, малкумина знаат дека постои.

Новинарката на српскиот национален сервис која го коментираше директниот пренос на упокојувањето, заедно со својот гостин, местонадлежен протоереј – ставрофор за Белград, Владимир Вукашиновиќ, беседеа за Јована, како за архиепископ признате цркве, један од живих сведока вере, мученик у најстрожим затворима, осуѓуван у кафкијанским процесима у Бившој Југословенској Републици (случајот Вранишковски)!!!

Затоа, простот на умот: ако дозволиме, после Преспа, да сме само Северна, ако на официјална Софија, и дозволиме дека сме само територија – без јазик и корен, ако за Белград сме народ – без вера кој го води архиепископот Јован, тогаш, извинете, нема да сме ништо.

Сирак пусти, без нигде никого (П.П.Његош).

Веле Митаноски

Back to top button
Close