Задолжителен карантин за сите Израелци кои доаѓаат од странство
Во Израел денеска беше одлучено дека сите Израелци кои се враќаат од странство мора да заминат во изолација најмалку десет дена во хотелите назначени од државата поради загриженост за новиот, позаразен вид на вирусот што се појави во Велика Британија. Странци нема да можат да влезат во таа земја во следните 14 дена, освен во исклучителни случаи. Како што е наведено, таа мерка ќе стапи на сила в среда во 2.00 часот по локално време и ќе важи десет дена. Израелците што се враќаат во земјата ќе бидат ставени во карантин до две недели, но ќе можат да заминат ако покажат негативен тест за коронавирусот во првиот и десеттиот ден од изолацијата.