Задолжително носење маски во Мадрид

 Властите во Мадрид донесоа одлука за задолжително носење маски секаде, како дел од мерките за да се спречи ширењето на коронавирусот во градот.

Баровите во шпанскиот главен град мора да бидат затворени во еден часот по полноќ, а собирањата во рестораните на отворено ќе бидат ограничени на 10 лица.

Проверките ќе бидат зголемени и на главниот аеродром во шпанскиот главен град.

Властите исто така препорачаа и максимално собирање до 10 лица на приватни собири дома, но таа препорака не е обврзувачка.

Back to top button
Close