Заедничка изјава на осум европски држави на најавата на Трамп за зголемување на царините
Осум европски држави објавија заедничка изјава како одговор на заканата на американскиот претседател Доналд Трамп за зголемување на царините за земјите кои не ја поддржуваат неговата амбиција за преземање на контролата врз Гренланд.

Во изјавата потпишана од Данска, Финска, Франција, Германија, Холандија, Норвешка, Шведска и Велика Британија, се потенцира дека таквите чекори ги поткопуваат трансатлантските односи.
– Во целост сме солидарни со Кралството Данска и народот на Гренланд. Надоврзувајќи се на процесот што почна минатата недела, подготвени сме да се вклучиме во дијалог врз основа на принципите на суверенитет и територијален интегритет, кои цврсто ги поддржуваме, се наведува во заедничката изјава.
Исто така се нагласува дека групата држави „ќе продолжи да биде обединета и координирана“ и оти е посветена на „зачувување на нашиот суверенитет“.
– Како членки на НАТО, ние сме посветени на зајакнување на безбедноста на Арктикот како заеднички трансатлантски интерес, се истакнува во заедничката изјава.
Исто така се посочува дека неодамнешната данска воена вежба на „не претставува закана за никого“.






