Заедничката цена за украинската слобода

Така е тоа со секоја војна: кога ќе започнат, тие се во центарот на интересот на сите. Во првите денови и недели, медиумите известуваат со имиња и презимиња на жртвите и хероите, ги дознаваме нивните трагични или херојски стории во детали, за нив говорат нивни блиски и пријатели. Медиумските екипи стојат пред разрушените цивилни објекти и известуваат дека тоа биле некогашни градинки, болници и театри. Меѓународните хуманитарни акции се поименични: да се помогне операцијата на таа-и-таа личност во некој меѓународен центар за лекување или да се пронајдат родителите на некое конкретно расплакано дете од чии неутешни очиња течат солзите на целиот свет…

 

Потоа војната си продолжува и си тече со своите секојдневни ужасни последици. Судбините на поединечните жртви се заменуваат со безимени сумарни бројки и само понекогаш некоја исклучително трагична приказна нѐ потсетува дека зад секојдневните војувања секогаш стојат конкретни личности чии животи повеќе никогаш нема да бидат исти, доколку воопшто ги преживеале бомбардирањата и разорувањата на ужасната агресија. Повремено интересот го привлекуваат коментарите и експертите кои говорат за сумарните геополитички последици, за развојот на воените стратегии и за предвидувањата до кога и како би завршил конфликтот. Тука и таму по некоја изјава на политичарите ќе го привлече поширокото внимание, а колку што е попровокативна, толку подобро. Фронтовите се долги, борбите секојдневни. Воените пропаганди сѐ повеќе ја отежнуваат можноста да се сфати што, всушност, се случува на теренот на боиштата. Тамошната војна се сели на домашен терен, прво во непосредните окружувања на завојуваните страни, а потоа и низ земји со стотици и илјадници километри оддалечени од конфликтите. Цените растат, инфлацијата се зголемува, меѓународните санкции против агресорот даваат или не даваат резултат, во зависност од тоа на чија страна по социјалните мрежи ви се симпатиите.

По месец-два, секојдневните информации од воените жаришта веќе стануваат морничаво здодевни, јавноста е веќе уморна од лошите вести, не може да направи крупна разлика помеѓу агресорите и жртвите, а својата вознемиреност и почетниот интерес ги заменува со „бегање“ од информациите за таа војна за која веќе не можат и не сакаат да толкуваат кој е кој и што е што… И трагедијата на милионите раселени лица ја заменуваат бизарни, најчитани локални стории: некој Британец си ги оставил сопствената жена и двете деца вљубувајќи се во некоја убавица од 22 години, пребегана од воените ужаси, која ја примиле во својот дом… Ах, тие проклети бегалци, само го нарушуваат мирот и редот во земјите што ги примаат!

Во оваа фаза сега се наоѓа војната во Украина. По три месеци од агресијата на Русија и жестокиот украински отпор на кој, сосема неочекувано, наиде агресорот, уште не е јасно што сака(л) да постигне Путин и што треба да се случи на боиштата за војната да престане. Суштински преговори нема, освен за повремена размена на заробеници. На борбите и воените злосторства крајот не им се гледа, освен што е јасно дека последиците за завојуваните страни ќе се лекуваат со децении. Некои од штетите, особено на човечко рамниште, се ненадоместливи и непоправливи ни за генерациите што следуваат.

Koлумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука

 

Back to top button
Close