Заеднички час на платото на УКИМ на пладне – студентите ќе изразат сочувство за жртвите
Студентите на Универзитетот Св. Кирил и Методиј (УКИМ) најавија дека почнувајќи од денеска (понеделник) па сè до 21 март (петок) секој ден во 12 часот ќе организираат собири за да искажат сочувство за жртвите и поддршка за повредените во пожарот во Кочани.
Денешниот собир ќе се одржи на платото пред општествениот кампус на УКИМ. Тие ги поканија сите заинтерсирани да се придружат на заедничкиот час и најавија дека ќе има простор каде ќе можат да се запалат свеќи, да се остави цвеќе и да се искаже тага во книга на жалост.
„Воедно, ве известуваме дека заедничката настава и собирите на студентите ќе продолжат сѐ до 21 март 2025 година, секој ден, почнувајќи од 12 часот, на кампусите на УКИМ“, соопшти Универзитетското студентско собрание при УКИМ.