Заев: 200 милиони евра годишна финансиска поддршка за земјоделството

Со одговорни и чесни политики, го вративме достоинството на нашиот земјоделец, го цениме и вреднуваме неговиот труд.

За само три години финансиската поддршка во земјоделството стигна до рекорден износ од 430 милиони евра и стигнува до вистинските индивидуални земјоделци.

Субвенциите ги зголемивме и нивната исплата денес е неселективна, редовна и што е најважно навремена, земјоделците парите ги добиваат тогаш кога им се најпотребни.

За производството на тутун по кое е позната општина Кривогаштани, но и целиот Прилепски регион обезбедивме зголемување на субвенциите и тоа 80 денари за прва класа, 70 денари за втора и 60 денари за трета,четврта и дополнителните класи.

Тоа значи повеќе пари кај земјоделците кои ја одгледуваат оваа култура, но и мотив да одгледуваат поквалитетни класи на тутун.

Оваа година земјоделците вкупно кои произведуваа тутун инкасираа во своите семејни буџети повеќе од 125 милиони евра.

Заложбата на СДСМ во следните 4 години е јасна, поддршката кон тутунопроизводителите, но и кон сите земјоделци, градинари и сточари ќе продолжи да расте уште повеќе.

Обезбедуваме годишна финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој од 200 милиони евра.

Воведуваме целосно субвенционирање на „зелената нафта” за нашите земјоделци.

За да обезбедиме сигурен пласман градиме три нови откупно-дистрибутивни центри во државата.

Поддршката кон младите земјоделци, кон жените земјоделки продолжува уште повеќе и уште подобро.

Обезбедуваме и субвенционирање на платите од 3.000 денари на нововработени работници во земјоделско стопанство помлади од 25 години.

Важно ни е земјоделството, важни ни се земјоделците, затоа, грижата за нив во следните четири години продолжува уште повеќе.

Убедени сме дека земјоделците гледаат кој навистина се грижи за нив, а кој 11 години како власт и 3 години како опозиција ги манипулира и го погазува нивниот труд.

Затоа, на 15 јули земјоделците ќе изберат повисоки субвенции, сигурен пласман и повеќе пари во своите буџети и нема да дозволат повторно ВМРО-ДПМНЕ да гази врз нивниот труд.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close