Заев: БЕСА се уште е дел од Владата

Се уште не се верификувани оставките на функционерите на Движењето БЕСА, што априори значи дека тие се уште се дел од Владата, вели премиерот Зоран Заев во изјава за „Слободен печат“.

– Нормално дека БЕСА е дел од Владата. Собранието ја нема констатирано оставката на министерот Аријанит Хоџа, ниту пак на другите раководни лица од БЕСА. Затоа и логично е да каже дека се дел од влада, изјави Заев за „Слободен печат“.

Пратеникот од редовите на на Движењето БЕСА кој го оневозможи падот на оваа Влада со тоа што не се појави на денот на гласањето на недоверба, Кастриот Реџепи, изјави дека БЕСА официјално се уште е дел од Владата!

„Движењето БЕСА официјално е во Владата. Прашајте го господинот Заев дали Движењето БЕСА е во Влада или не? Нека ви даде информација, па ќе се потврди она што го велам. Ако партиските тела одлучат и сакаат да не бидеме во Владата, и јас ќе го поддржувам тоа. Но, да дебатираме и да ги сочиме аргументите зошто не треба да бидеме во влада, изјави Реџепи.

Back to top button
Close