Заев: Борбата на Мицкоски е лажна. Не се преговара за македонскиот јазик и идентититет
„Сето она што го прават овие денови е само за доаѓање на власт и ништо друго. Наводна борба да се заштити македонскиот идентитет и македонскиот јазик кои, нели ги изгубивме со Преспанскиот договор, што само по себе потврдува дека не е точно и е лажен патриотизам и асполутно е на штета на државата – изјави Заев денеска во Неготино.
Тој најави дека Владата продолжува со досегашната политика на подавање рака и поветеност да постигне решение ако е можно и сега, и до последен момент.
„Сите сме свесни дека разговорите треба да продолжат без разлика на исходот на 8 и 10 или 18 декември кога ќе се носат одлуките во Брисел, и да градиме пријателство и соработка и да ги решаваме проблемите кои се појавија пред кратко време. Треба да продолжиме и со имплементација на договорите и тој од Преспа и овој за пријателство со Бугарија – рече Заев.