Заев: Денешната седница сигурно ќе трае до доцна, предлогот за Влада најверојатно утре

Најверојатно утре ќе биде предлогот за Влада до Собранието. Ова за ТВ21 го изјави мандаторот Зоран Заев.

„Денеска ќе се утврди бројот на потпретседатели на парламентот и ќе се верифицираат мандатите на пратениците кои влегуваат на местата на оние пратеници кои излегуваат од Парламентот поради други функции во изршната власт. Кога ќе заврши оваа процедура, ќе го поднесам предлогот за влада.

Денеска до касно ќе трае процедурата за верификација на мандатите, затоа што се најмалку 9 одлуки. Веројатно утре од сабајле ќе биде поднесен предлогот за влада. Потоа следуваат неколку дена пратениците да се запознаат со владината програма и автобиографијата на кандидатите за министри“, рече Заев за ТВ21.

Back to top button
Close