Заев, Димитров и Османи утре во Софија ќе се сретнат со бугарскиот државен врв

ремиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, утре заминува за Софија на работни средби со бугарскиот државен врв.

Целта на посетата, како што информираат од владината прес-служба, е интензивирање на напорите за наоѓање решенија за отворените прашања и за деблокада на европската интеграција на Северна Македонија.

Премиерот и владината делегација ќе остварат работни средби со претседателот на Бугарија, Румен Радев, со премиерот на Бугариј,а Стефан Јанев, како и со претставници на поголемите политички партии во Република Бугарија.

Средбите ги најави премиерот Заев вчера, кој рече дека не е оптимист за решение на спорот со Бугарија до 22 јуни поради претстојните избори во соседството.

„Верувам дека во четврток ќе можеме да навлеземе детално во тие разговори. Она кое што морам да го кажам, имам чувство дека на 22 јуни нема да се реши затоа што Бугарија има техничка влада и нема Парламент. Но, не е невозможно да се реши. Зошто го кажувам ова. Да не ги дигнам очекувањата на сите заради тоа што реалноста е дека во Бугарија дека на 11 јули имаат избори. Но, истовремено имам чувство на одговорност пред нашиот народ да кажам дека наша должност е да направиме се. И нема зијан ако направиме дури и успех и заклучиме отприлика договор којшто би бил верификуван од следна политичка влада и од парламентот“порача Заев.

Back to top button
Close