Заев: До 2021 година, минималната пензија ќе изнесува 10.700 денари

Носителот на кандидатската листа во изборната единица 4 Зоран Заев, заедно со носителката во ИЕ 1,  Мила Царовска денеска остварија со пензионери од Општина Кисела Вода.

– За три години, Владата предводена од СДСМ покажа целосна грижа за највозрасните граѓани, а преку чесните и одговорни политики на СДСМ, пензиите пораснаа за речиси 1.800 денари и просечната пензија денеска изнесува 15.500 денари.

Тоа, додаде тој, е мотив да продолжиме со уште поголема и подобра грижа за пензионерите во следните четири години.

– Денеска, пензискиот фонд е стабилен, загарантирани се пензиите на сегашните но и на идните пензионери. И во следните четири години пензиите ќе продолжат да растат. До 2021 година најниските пензии ќе пораснат за најмалку 21 отсто, а минималната пензија ќе изнесува 10.700 денари, посочил Заев, повикувајќи ги граѓаните да излезат на 15 јули и на безбедно гласање да заокружат број три „за да продолжи напредокот и да не ризикуваат преку негласање да се врати режимот кој само земаше пари од граѓаните“.

Back to top button
Close