Заев до Мицкоски: Нема да го спасите Камчев од „Империја“, колку и пари да сте земале

 

Нема да има бегање од одговорност, ќе одговара секој што прекршил закон, без разлика колку и пари да сте земале, колку и да му должите, нема да го спасите Орце Камчев од одговорност за предметот „Империја“, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев во дуелот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на ТВ 24

„Затоа, правевте се за да не се донесе Законот за јавно обвинителство, дури имаше и закани кон пратеници за да не гласаат за Законот за јавно обвинителство, закани лично од Мицкоски, но ете Законот е донесен и стапи на сила. И ќе има одговорност за секој во оваа држава“,рече Заев.

Зборувајќи за бизнисменот, лидерот на СДСМ го праша Мицкоски и дали маиците за оваа кампања се платени од Орце Камчев повторно или парите се од Никола Груевски.

Тој го спомена и поранешното финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, па прашуваше и каде се парите од Камчев во ревизорските извештаи за партијата, како и оние од Мијалков кои се споменуваа во една од последните објавени аудиоснимки помеѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и Зоран Милески – Кичеец.

 

Back to top button
Close