Заев до Мицкоски: Никогаш немате став за договорите со Грција и Бугарија

 Имаме преговарачка рамка од Европската Унија во која е наведено дека европското законодавство ќе го преведеме на македонски јазик, нашиот идентитет е признат, значи имаме признат јазик и признат идентитет. Македонскиот јазик станува јазик во ЕУ. Оваа афирмација на нашиот јазик е неизбежна. Покажавме дека знаеме да постигнеме договор и секој договор и во иднина ќе биде од полза за нашите граѓани и нашата држава. Комплетно нашиот идентитет и нашата историја ја задржуваме до крај, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заево во вечерашниот ТВ дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

– Имавме храброст и покажавме дека можеме. Имавме став, имавме храброст и служевме на државата и на граѓаните, ќе продлжиме да бидеме европејци. Се од другата страна е изолација и национал- патриотизам, а всушност зад тоа стои желба за власт, пари и моќ, кажа Заев.

Тој го обвини Мицкоски дека не се радува на успесите на државата, туку се радува кога некој ни ги кочи процесите.

– Израдувајте се барем на едно нешто. За НАТО сите се радувавме, само вие не, а сте пишале во програмата НАТО. ЕУ усвои рамка за преговори и за прв пат напиша македонски јазик, а во ваше време пишуваше „официјален јазик“, сега пишува Македонци, а не граѓаните на таа држава. Израдувајте се еднаш. Вие се радувате кога некој не кочи, вие се правите за некој да не кочи. Ама тешко ќе ви оди тоа, ние сме сега опкружени со пријатели и сојузници. Ние не сме како вас, пред бугарските власти едно зборувате, пред македонските граѓани друго. Еднаш кажете кој ви е ставот за договорите со Бугарија и Грција, рече Заев и го повика Мицкоски да се изјасни за клучните стратешки прашања и договори.

Back to top button
Close