Заев: Драго ми е што ДУИ ја заокружи етничката агенда и се сврте кон граѓански политики

Премиерот Зоран Заев го оцени денеска како позитивно свртувањето на неговите коалициски партнери од ДУИ кон зелената агенда, посочувајќи дека тоа е знак за насочување на политичките субјекти во земјава кои се во интерес на сите граѓани, независно од етничката припадност.

„Многу е значајно кога политичарите излегуваат јавно со ветувања, затоа што нивниот збор потоа претставува обврска. Мене ми е драго што најголеата партија од албанскиот политички блок ја заокружува етничката агенда и се врти кон граѓански теми. Тоа што граѓаните го очекуваат од партиите на власт се подобрување на состојбите во економијата, во инфраструктурата, во животната средина“, изјави Заев, по денешниот увид на изградбата на регионалниот пат Кавадарци-Дреново

Back to top button
Close