Заев: Форензичките извештаи и анализите со вештачењето се при крај и очекувам да се објават
„Јас знам дека форензичките извештаи и анализите на вештачењето се при крај и навистина очекувам да се објават. Ден поскоро, ден подобро, еве да ги решиме сите овие дилеми“ – ова го потенцираше премиерот Зоран Заев, денеска, одговорајќи на новинарското прашање во врска со тоа кога ќе донесе одлука со оставките на министерот за здравство Венко Филипче, и заменик-министерот за здравство.
Заев додаде дека животот продолжува и како што кажа, политичарите се во кампања и се случуваат секојдневни активности.
„Ред е да се објави тој извештај, за да можам секако и јас, да го кажам својот став во врска со оставките на министерот за здравство и заменик-министерот“ – нагласи претседателот на Владата, Заев Зоран.