Заев го аболицираше Рашковски преку медиумите, а судот безпоговорно изврши

ВМРО-ДПМНЕ: Со одбивањето лидерска средба, СДСМ покажува незрел однос кон најважните државни прашања - МИА

Зоран Заев го аболицираше Драги Рашковски преку медиумите, а судот безпоговорно изврши.

Рашковски е фатен како со народни пари купил сопствен патент. Постојат сомнежи за десетина набавки на софтвер, а индициите за злоупотреби со народни пари се очевидни.

Рашковски само неколку дена пред да се отвори истрагата против него го префрли целиот имот на своите малолетни деца. Што и зошто криел?

Рашковски во паника си ја ишкаше мувата од капата и кога побегна во Мексико мислејќи дека народот ќе заборави.

Индициите за сторен криминал се огромни. Медиумите објавија и докази, а Заев упорно го брани својот другар Рашковски, и во изјава за медиуми од позиција на премиер изврши притисок врз правосудните инстанци.

Криминалите на Рашковски, како и тие на Заев се документирани. Циркузот како тој денес кратко ќе трае, а ќе дојде време за одговорност, и тогаш нема да биде Заев во позиција да влијае врз судството.

А тогаш Рашковски ќе треба да објасни се, па дури и како дошол до гаранцијата од половина милион евра.

4 години со Заев имаме само криминал и корупција, 4 години украден живот. Доста е!

Со Почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Back to top button
Close