Заев и Руте заедно ги бодрат македонските и холандските фудбалери во Амстердам

Премиерот Зоран Заев и холандскиот премиер Марк Руте попладнево на стадионот во Амстердам заедно го следат напреварот меѓу фудбалските репрезентации на С Македонија и Холандија во рамки на 3. коло од Групата Ц на ЕВРО 2020.

– Денеска од стадионот во Амстердам давам силна поддршка на македонската фудбалска репрезентација. Благодарност до холандскиот премиер Марк Руте за поканата заедно да го следиме натпреварот.

Моќна е спортската дипломатија. Премиерот Руте знае дека головите на „гостински” терен се највредни, но без разлика на резултатот од мечот, од денес #MKD 🇲🇰 и #NED 🇳🇱 се уште поблиски.
Им посакувам успешен натпревар на македонските репрезентативци. Напред момци! Играјте храбро, ние сме веќе горди на вас, објави премиерот Заев на својот Фејсбук профил.

Back to top button
Close