Заев: Им честитам на нашите фудбалери кои нѐ носат во бараж и ни ја пружија оваа радост

Добиваме историска шанса за пласман на Светското првенство во фудбал! Им честитам на нашите фудбалери кои нѐ носат во бараж и кои ни ја пружија оваа радост, напиша вечерва премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил.

– Горди сме на овој успех! Одиме понатаму, македонските срца се со вас, пишува во статусот.

Фудбалската репрезентација вечерва на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го победи Исланд со 3:1 и ќе учествува во плејофот за Светското првенство што ќе се одржи во Катар

 

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close