Заев: Има пари во државата, ќе продолжиме да ги враќаме кај граѓаните

СДСМ и понатаму ќе продолжи да ги враќа парите кај граѓаните, вели претседателот на оваа партија Зоран Заев, во интервју за ТВ Клан Македонија.

-Како што досега покажавме дека има пари да ги платиме старите долгови, да ги покачиме платите и пензиите, ја зголемивме наплатата на даноците, има пари за лекарите, за учителите, укинавме радиодифузна такса, вративме евтина тарифа на струјата, што значи има пари, но и во иднина ќе продлжиме да ги враќаме парите кај граѓаните. И претходно покажавме дека како расте економијата, како расте БДП, парите ги враќаме. Државата постои за граѓаните. Секое враќање на парите кај граѓаните тие ги трошат и пак се кај државата, рече Заев.

Затоа, дополни, постојано велиме дека инвестираме во човекот и во неговиот капитал. Знаеме дека така ќе ја зајакнеме еконимијата, потенцираше Заев.

Здравството во овој период е клучен сегмент во државата и затоа инвестициите во неговото унапредување, како што рече, продолжуваат уште повеќе.

– Цел столб во програмата на Коалицијата посветивме на темата КОВИД 19. Во услови на најтешка светска криза, покажавме како треба да се работи и како може да се создаде доверба кај граѓаните во здравствените работници и здравствениот систем. Сериозно инвестиравме во здравството во овие три години, 40 здравствени објкети реконструиравме и доопремивме, платите сериозно ги зголемивме. Секако продолжуваме и во следниот период со инвестирање во јавното здравство. Вложуваме 33 милиони евра во одделенијата за интензивна нега, за модернизација и современа опрема. Продолжуваме да вложуваме во човечкиот капитал. Платите на здравствените работнции ќе ги зголемиме за вкупно 40 отсто до 2024 година, односно секоја година ќе ги зголемуваме по 10 отсто, истакна Заев.

Back to top button
Close