Заев: Искрени честитки до новиот германски канцелар, Олаф Шолц
Премиерот Зоран Заев преку својот Твитер профил упати честитки до ново избраниот германски канцелар Олаф Шолц.
„Искрени честитки до новиот германски канцелар, социјалдемократот Олаф Шолц. Во изминативе години ја продлабочивме соработката со Германија, како наш искрен и стратешки партнер. Верувам партнерството помеѓу Германија и Северна Македонија ќе се интензивира и надгради“ напиша Премиерот Заев на Твитер.