Заев: Мицковски се претставува како месија, тешко нас, ако земјава му ја оставиме

Тешко нас, ако замјава и нејзината обнова му ја оставиме на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Тој се претставува како Месија, како Супермен, као Бетмен и ветува дека ќе ја обнови земјата, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев, вечерва на граѓанската трибина на коалицијата „Можеме“ во општина Центар.

Тој, како што рече, верува дека Центарци ќе знаат како да реагираат и да го дадат својот глас, бидејќи и тој се учел од Центар и неговата борба за слобода.

– Слободата живее и денеска, иако во услови на пандемија со маски на лице, јас сум убеден на огромен процент на излезеност на нашите граѓани, затоа што имаме задача да ги воспоставиме повторно функционални нашите институции за да можеме да го продолжиме ова слободарско живеење со огромна поддршка од демократскиот све – изјави Заев.

Имаме задача на 15 јули да останеме на вистински пат, рече Заев и затоа очекувам трендот на вистинските вредности да продолжи.

Заев рече дека СДСМ и Коалицијата во периодот што претстои ќе работи дома.

– Ќе работиме на економија, на економскиот стандард, на реформи во правосудството и образованието – рече Заев.

Во време на решавање на најсериозните прашања, тече Заев, успеавме да покажеме дека можеме и создадовме праведно општество.

– Сега веќе НАТО и ЕУ се завршена работа. 30 години чекаме членство во НАТО, 15 години за почеток на преговори. Ги завршивме. Решени се проблемите со Бугарија и Грција. Сите пет соседи ни се пријатели – рече Заев.

Back to top button
Close