Заев: Могилата беше окупирана од поединци полни со омраза, а фашизмот нема друга судбина освен постојано да биде поразуван

Ако пред 80 години, патриотизам беше да се земе пушка и да се води борба против окупаторот, денес патриотизам е да се креираат мерки и да се води борба против невработеноста и за повисок економски стандард, рече премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев од митингот на партијата во Прилеп.

Според него, денес визијата е во новите работни места и повисоки плати и пензии и развиени општини.

„Фашизмот сее омраза, ги дели луѓето, окупира, како што денес утрово беше окупиран просторот за полагање на цвеќе овде на Могилата, од поединци полни со омраза, црни души. Фашизмот нема друга судбина освен постојано да биде поразуван“, рече Заев пред граѓаните на Прилеп.

Toj најави дека Прилеп ќе добие нов модерен театар, нов кружен тек, три нови булеварски решенија и нов мултифункционален спортски објект.

 

Back to top button
Close