Заев на Канал 5: Лагите на Арсовска нема да поминат, граѓаните во недела ќе одлучат прогресивноста да продолжи

Нам не ни треба конзервативен пат, кој не е близок до европските вредности. Затоа очекувам победа во вториот круг од изборите, вели Заев

Страшно и понижувачки е странски државјанин да биде кандидат за градоначалник на Скопје кога имаме преговарачки процес со Бугарија и обид да го решиме проблемот, рече премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, во интервју на Канал 5.

„Ние сме застапници на тезата едно општество за сите и не ни смета кој каде етнички припаѓа, но, да го лажете народот за ваква работа е непристојно. Очекувам кандидат за градоначалник на Скопје да информира какви предности има, каква визија, но никако да го лажете народот. Ние мораме со Бугарија да најдеме решение за да одиме напред како држава. Народот ќе го каже своето на изборите. Апсолутно е нечесно и понижувачки на главниот град ова да му се случи, јас верувам дека граѓаните ќе испратат јасна порака за што се. Лагите нема да поминат и прогресивноста ќе продолжи со победа во недела“,рече Заев.

Тој смета дека во овие десетина дена пред вториот круг на локалните избори успеале да пратат сериозни пораки до граѓаните за обединување.

„Граѓаните ќе го дадат правецот дали ќе одиме кон модерно Скопје или назад кон лагите и лошото управување со Скопје. Граѓаните знаат дека овие четири години ги слушаме, знаеме да се коригираме, да се вратиме два чекори назад, како на пример со Закон за прогресивно оданочување. ‘Гејм чејнџ’ е можност да сме поодговорни. Граѓаните знаат што е развој на Скопје, а што е измислување, правиме мостови на Вардар и даваме функционалност на градот и ги обединиваме граѓаните“,рече Заев.

Додаде дека со СДСМ државата оди напред, затоа што има јасна цел и визија, а со ВМРО ДПМНЕ се промовираат конзервативни планови во кои нема европски вредности.

„Дека сакаме да учиме сме докажале многу пати до сега. Ние како политичари мораме постојано да учиме и да ги слушаме граѓаните. Ефикасноста на инситуциите е многу важна. Јас верувам дека сето ова поттикнува мобилизација, а прогресивниот дел од граѓаните, кое е мнозинство, ќе излезе на избори и ќе го трасира патот кон Европа. Нам не ни треба конзервативен пат, кој не е близок до европските вредности. Затоа очекувам победа во вториот круг од изборите“,рече Заев.

Back to top button
Close