Заев на работна вечера со Макрон

Владината прес- служба соопшти дека Заев, Димитров и Османи вечерва се во работна посета на Париз со која се одбележуваат 28 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји

Премиерот Зоран Заев заедно со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва се во Париз на работна средба со претседателот на Франција Емануел Макрон.

Информацијата пред малку ја објавија од владината прес-служба.

Во соопштението се вели дека со посетата се одбележуваат 28 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји, и во рамки на неа ќе има работна вечера со францускиот претседател.

Back to top button
Close